Дефанзивецот на премиерлигашот Нотингем Форест, Хари Тофоло (26) е суспендиран на период од пет месеци и парично казнет со 20.956 фунти поради кршење на правилата за обложување во англискиот фудбал, објави Фудбалската федерација на Англија (ФА).

Англискиот фудбалер вкупно 375 пати од јануари 2014 до март 2017 година ги прекршил правилата на ФА кои им забрануваат на играчите обложување или проследување информации кои би можеле да се користат при обложување.

Тофоло во тој период беше под договор со Норич, а настапуваше како позајмен фудбалер за Свиндон, Ротерам, Питерборо и Сканторп.

На Нотингем Форест му се приклучи во јули лани и оттогаш одигра 21 натпревари за премиерлигашот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.