Момчињата на Марко Арсовски, КУЛ генерација 2009, во регионалната лига гостуваа на стадионот „Локомотива“ кај тимот на ФК Вардар.

Во дуел на кој доминираа во сите аспекти на фудбалската игра, играчите на ФК Кул дојдоа до висока победа со резултат 0-5 (0-2).


Состав КУЛ: Георгиевски Божидар, Илијевски Андреј, Манев Матеј, Ивановски Матеј, Љубомировски Теодор , Крчаноски Петар, Гиевски Јован, Стојановски Кирил, Дукоски Филип, Фидановски Матеј и Стојановски Марко.


Играчите на ФК Кул тргнаа офанзивно, беа тимот кој доминираше на теренот тоа донесе водство преку Теодор Љубомировски. Доминираа и по голот, имаа две прилики преку Кирил Стојановски за погодок, но голманот на домаќинот одбрани. Одличен пробив низ противничката одбрана имаше Стојановски Марко, асистираше во поле до Дукоски Филип, кој го исфрли противничкиот голман и стрелаше за 0-2. До крајот на првиот дел ФК Кул имаше голема шанса и за 0-3, од слободен удар се закани капитенот Матеј Ивановски, неговиот удар заврши над голот на противникот.

  
Доминацијата на играчите на ФК Кул продолжи и во вториот период, кога беа подобар противник на теренот. Арсовски менуваше и од клупата, но тимот го задржа ритамот и во овој дел. Зголемија на 0-3 преку Љубомировски Теодор, предноста ја зголеми Јорго Цаца. Домаќинот се закани во две прилики, но одличен беше голманот Георгиевски Божидар. „Печат“ на средбата стави капитенот Ивановски Матеј со гол за конечните 0-5.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.