Финалето на Светското првенство во Катар во кое утре ќе играат Франција и Аргентина ќе почне со минута молк во знак на почит кон прославениот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој вечера почина на 54-годишна возраст по долга и тешка болест.

Информацијата, како што пренесуваат српските медиуми, денеска ја потврди поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој сега ја извршува должноста шеф на секторот на ФИФА за развој на фудбалот.

Михајловиќ почина вчера во болница во Рим по долга битка со леукемија.

На барање на неговото семејство Михајловиќ в понеделник ќе биде погребан во Рим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.