Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука според членовите 41,42 и 75 од Правилник за натпревари на ФФМ за суспензија на стадионот „Башкими“ Куманово поради присуство на неслужбени лица на теренот веднаш по завршување на натпревар во рамки на 4 коло на Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Башкими 1947 АД – ФК Беласица АД одигран на 25.09.2024 година во Куманово.
Стадионот „Башкими“ Куманово е суспендиран се до донесување на одлука на ДК на ФФМ. Суспензијата стапува на сила веднаш, соопштија од ФФМ.
Одлуката следува по инцидентот од средата, кога судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални.
Претходно суспензија беше одредена и за Градскиот стадион Неготино каде беше нокаутиран голманот од гостинската екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.