Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за првпат во новата сезона во најсилното италијанско првенство беше стартер во редовите на Наполи, тренерот Лучано Спалети му даде шанса од првата минута против Лече.
Тој ја искористи шансата и вечерва го постигна првиот гол во новата сезона, вкупно седми во Серија А откако е во дресот на „наполитанците“.
На стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол резултатот е 1:1, Коломбо после неуспешниот удар од белата точка се поправи за израмнување во 31 минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.