Американската инвеститорска компанија РедБирд Капитал (RedBird Capital) се здружи со сопствениците на најтрофејниот бејзбол клуб во МБЛ лигата, Њујорк Јенкис за да го купи актуелниот италијански фудбалски првак Милан за 1,2 милијарди евра.

Меѓу инвеститорите е и фондот на НБА кошаркарот Леброн Џејмс и музичарот Дрејк.

РедБирд Капитал ќе биде мнозински сопственик, додека Јенки Глобал Ентерпрајз (Yankee Global Enterprises-YGE) ќе има малцински удел во Милан.

Новите сопственици објавија дека имаат за цел „да го задржат местото на Милан на врвот на европскиот и светскиот фудбал“.

Минатата сезона Милан ја освои својата 19. италијанска титула, прва по пауза од 11 години.

Клубот од Милано и досега имаше американски сопственици во компанијата Елиот (Elliott).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.