Навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ направија крајно спортски потег.
Пелистер и Шкупи одиграа 0:0 во 8. коло од првата македонска лига, а во еден момент од натпреварот, домашните навивачи изненадија и го скандираа името на починатиот навивач на Вардар, Никола Саздовски – Саздо.
Со тоа, „Чкембарите“ покажаа дека знаат да изразат почит дури и за припадник на нивниот најголем спортски ривал и чест противник на трибините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.