Тренерот на Барселона, Чави, се осврна на судењето на вчерашниот натпреварот Реал Мадрид – Алмерија. Домаќините победија со 3:2, откако Алмерија поведе со 2:0. До победата Реал дојде по неколку контроверзни одлуки.

Натпреварот, кој заврши со победа на Мадрид во судиското продолжение (11 минути) го водеше судиски тим предводен од Франциско Ернандез Маесо.

– Ќе се потпрам на размислувањата на тренерот на Алмерија, Гаритано и Алфредо Релањо, многу добар новинар. Ќе биде многу тешко да се освои ова првенство. Веќе зборував за ова во Хетафе. Сум видел некои работи кои не се објаснуваат. Мора да продолжиме да победуваме, но има некои работи кои не можеме да ги контролираме. Сите видовте како Реал дојде до победата, изјави главниот тренер на Барселона.

Лидер во поредок во Шпанското фудбалско првенство е Жирона со 52 бода од 21 натпревар. Реал е втор со 51 бод од 20 натпревари, Барселона е трета со 44 бода исто така од 20 одиграни средби



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.