Тренерот на Барселона, Чави, ќе добие отказ доколку тимот го загуби реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи, пренесува „Карусел депортиво“.

При таков развој на настаните, за предводник на каталонскиот фудбалски великан ќе биде назначен Мексиканецот Рафаел Маркез, кој е тренер на младинскиот тим на Барселона.

Натпреварот помеѓу Барселона и Наполи ќе се одигра во вторник на 12 март во Барселона, а првиот натпревар заврши нерешено 1:1.

Во јануари Чави објави дека ќе ја напушти Барселона по завршување на тековната сезона. Тимот од „Камп ноу“ е втор во поредокот на Шпанското фудбалско првенство со 61 бод, пет помалку од лидерот Реал Мадрид, но и со еден одигран натпревар повеќе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.