Македонија Ѓорче Петров попладнево во Софија ги заврши европските обврски по убедливиот пораз од ЦСКА со 0-4, а воедно играчите на скопскиот тим беа пречекани тотално неспортски и со мешање на политика на фудбалски натпревар.
Очигледно на бугарските навивачи им бодеше очи името Македонија Ѓорче Петров, па со националистички провокации ги нарекуваа фудбалерите „Бугари, Бугари“.
Паралелно со тоа, на каналот на кој се пренесуваше натпреварот, бугарскиот коментатор повеќе се замараше со историја и си измислуваше дека револуционерот Ѓорче Петров е Бугарин по потекло, а ние ја лажираме историјата.
Информациите до јавноста ги објави бугарскиот медиум „Д Спорт“, по што наведе дека членовите на македонскиот претставник потполно ги игнорирале провокациите.
УЕФА веќе почна жестоко да реагира и да казнува за националистички провокации на фудбалски средби, правилно ќе биде и за овој скандал да реагира. Така беше во случајот со косовскиот Лапи, по казната од 50.000 евра за провокациските транспаренти на дуелот против Будуќност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.