Фудбалерите на Шкендија обезбедија пласман во 3. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, откако во реваншот во Скопје ја совладаа Валмиера со 3:1 (2:1) и со вкупен резултат од 5:2 го елиминираа противникот од Летонија.

Противник на Шкендија во 3. квалификациско коло ќе биде шведски АИК, кој со вкупен резултат 4:3 ја елиминираше Ворскла од Украина.

Натпреварите од 3. квалификациско коло се на програмата на 4 и 11 август.

За разлика од Шкендија, фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров го завршуваат својот настап во истото натпреварување во Бугарија, откако загубија од ЦСКА Софија со 4:0 во реваншот, откако одиграа 0:0 во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.