Црвена звезда и Партизан, двата најголеми и најтрофејни фудбалски клуба во Србија од државата добиле внупно пет милиони евра помош пишуваат медиумите во таа земја.

Според српските медиуми, финансиската инјекција од државата за клубовите е да бидат финансиски ликвидни и да добијат УЕФА лиценца за натпреварување. Посредник за финансиската помош била Фудбалската федерација на Србија.

Постоеше можност Партизан да добие забрана за настап во Европа, но и да му бидат одземени бодови по налог на ФИФА затоа што „црно-белите“ не ги подмируваат своите долгови навремено. Со оваа државна помош завршуваат главните проблеми за Црвена звезда и Партизан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.