Тренерот на Барселона, Чави е задоволен од изданието на неговите фудбалери во натпреварот од 29. коло на шпанското првенство. Синоќа Барселона оствари победа на гостински терен над Атлетико Мадрид со 3:0.

Стрелци на головите беа Жоао Феликс, Роберт Левандовски и Фермин Лопез.

– Навистина добро ги нападнавме слободните зони. Ова е совршено совпаѓање во однос на нашата методологија и филозофија за игра. Ние сме Барселона, никој не се опушта овде. Ќе вршам поголем притисок врз играчите од било кога. Посебно со оглед на тоа што си заминувам, изјави Чави за „Marca“.

Барселона во моментов е на второто место во Ла Лига со 64 бодови. Заостатокот од водечкиот Реал Мадрид е осум бода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.