Навивачите на Шкендија на социјалните мрежи јавно се пофалија дека го истакнале знамето на Република Албанија на мечот против Брера АП во Струмица. „Балистите“ беа на стадионот „Благој Истатов“ откако претходно беше објавено дека едно знаме им било одземено.

Веењето на знамето на Албанија предзвика незадоволство кај гледачите бидејќи мечот одеше во живо на „Спорт Клуб“.

Реагираше и албанската опозиција од „Вреди“ кои сметаат дека ова е дело на првиот човек на ФФМ Сејдини и  Груби од ДУИ кого нарекоа Артан Беливук.

 

 

 Дали Мухамед Сејдини, претседател на ФФМ и уапсен во предизборната кампања за купување гласови за ДУИ, свесно и со умисла избрал подобен делегат за овој натпревар, за да побара од полицијата отстранување на навивачи затоа што истакнале Албанско знаме? Дали ДУИ со шемите на Вучиќ во наредниот период планира да предизвика судир меѓу различни навивачки групи и тензии меѓу средношколци и студенти? На што се’ е подготвен Артан “Беливук”?“, прашуваат од ВРЕДИ.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.