Селекторот на репрезентацијата на Аргентина, Скалони ги сумираше впечатоците по синоќешниот натпреварот со Австралија (2:1) во осминафиналето на Светското првенство.

– Беше тежок натпревар, тие притискаа многу и тоа ни пречеше, особено во првото полувреме. Голот на Меси ја отвори играта и се подобривме. Сменивме неколку работи на полувремето и мислам дека тимот не заслужи да страда на крајот. Требаше да победиме со поголема разлика., иако противникот беше исклучително тежок, изјави Лионел Скалони.

Во четвртфиналето, Аргентина ќе се соочи со Холандија на 9 декември



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.