Фудбалската репрезентација на Англија е третиот четвртфиналист на ЕП во Германија, откако во Гелзенкирхен славеше над Словачка со 2-1.

Словаците поведоа со погодокот на Иван Шранц во 25. минута за 1-0, а англичаните преку Фил Фоуден успеаја да израмнат на 1-1 во 50. минута, но по проверка на ВАР очигледно беше дека Англичанецот беше во офсајд, па погодокот беше поништен.

И кога Англија требаше да биде елиминирана поради катастрофалната игра, Џуд Белингем со феноменален гол со „ножички во 95. минута (1-1) ја спаси Англија од голем срам.

Уште во првата минута од продолженијата Хари Кејн со својот прв гол на шампионатот успеа да ја одведе Англија до целосен пресврт (2-1).

Во четвртфиналето Англичаните за противник ќе ја имаат Швајцарија која вчера славеше над Италија со 2-0.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.