Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри зборуваше за настапот на клубовите од Серија А во европските натпреварувања.

– Мора да бидеме оптимисти. Серија А можеби е инфериорна во однос на другите лиги, но Рома, Интер и Фиорентина минатата сезона стигнаа до европското финале. Оваа сезона веќе имаме, може да се каже, еден и пол тим во полуфиналето на Лига Европа, плус Фиорентина во Конференциската лига. И тоа е добро“ изјави Алегри.

Италија ќе има најмалку еден претставник во полуфиналето на Лигата на Европа, бидејќи во четвртфиналето играат Милан и Рома.

Италијанската Серија А заедно со англиската Премиер лига, шпанската Ла Лига, германската Бундеслига и француската Лига 1 се најдобрите пет европски фудбалски лиги



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.