Актуелниот шампион, Баерн Минхен го доживеа најголемиот пораз во Бундеслигата во последните четири години. Денес тимот предводен од тренерот Томас Тухел во 14. коло загуби на гости од Ајнтрахт Франкфурт со 5:1.
Последен пат тимот од Минхен загуби со таков резултат на 2 ноември 2019 година. За одбележување е тоа што тогаш токму Франкфурт ги победи со истиот резултат (1:5).
За Баварците ова беше прв пораз оваа сезона во Бундеслигата по 10 победи и 2 нерешени.
Воедно Баерн го забележа третиот пораз на сите турнири – претходно загубија од Лајпциг (0:3) во мечот за Суперкупот на Германија и од Сарбрикен (1:2) во Купот на Германија.
Баерн моментално е втор на табелата со три бода помалку од Баер Леверкузен. Ајнтрахт е седми со 21
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.