Ерик тен Хаг реагираше на свирежите на навивачите по денешниот пораз од Борнмут (0:3).

– Разбирам дека се разочарани и изнервирани. Ние, исто така. Мора да играме подобро – и да го правиме тоа на секој натпревар. Морам да преземам одговорност. Ние сме целосно нестабилни. Ги имаме потребните способности, но треба да ги покажуваме на секој натпревар. Ни треба стабилност. Можеме да имаме многу добар натпревар против многу противници. Способни сме за ова, но треба да го правиме на секои три дена. Треба да ги подигнеме нашите стандарди, изјави тренер на Манчестер јунајтед.

Тимот предводен од Тен Хаг по денешниот пораз остана на 27 бода за во моментов 6. место пред комплетирање на 16.коло на англиската Премиер лига.

Манчестер јунајтед има девет победи и дури седум порази. За Борнмут ова беше петти триумф сезонава и 13. место со 19 бодови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.