На отворањето на 18. коло во Првата македонска фудбалска лига, попладнево во Гостивар, истоимената домашна екипа славеше победа над Македонија ЃП со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол беше Нигериецот Ланре Кехинде во 88. минута од пенал.

Утре играат:
АП Брера Струмица – Шкупи
Шкендија – Силекс
Струга ТЛ – Брегалница
Вардар – Тиквеш
Воска Спорт – Работнички.

Сите натпревари почнуваат во 13 часот.

Гостивар со 24 бода барем до утре се проби на 5. место на табелата, додека ѓорчепетровци останаа на 18 бода за во моментов 9. место



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.