Поради грешката којашто ја призна и сопственикот на апликацијата Илон Маск, исчезна најпознатото селфи, поттикнат од Елен Деџенерис.

Поради техничка грешка на платформата „Х“ (поранешен Твитер), којашто ја призна и сопственикот на апликацијата Илон Маск, исчезна и можеби најпознатото селфи, поттикнат од Елен Деџенерис, со повеќе познати личности од свеченоста на Оскарите 2014 година.

Многупати преобјавуваното „селфи“ na Бредли Купер исчезна од „X“ во текот на викендот, што го натера Маск да признае дека тоа можеби е грешка на самата платформа, пишува лондонски „Тајмс“.

На фотографијата објавена од Елен Деџенерис пред девет години, се наоѓаат и Бред Пит, Анџелина Џоли, Џулија Робертс, Кевин Спејси, Џенифер Лоренс и други ѕвезди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.