За прв пат по 11 септември, 2001, е најавено одложување на Наградите „Еми“, јавува „Euronews“.

Една од најголемите американски манифестации, беше планирана за 18 септември, но поради моменталните дуални штрајкови на Американското здружение на писатели и Американското здружение на телевизиски актери, односно Американската федерација на телевизиски и радио уметници, медиумската мрежа „Фокс“ најави одложување на шоуто.

Во Холивуд се штрајкува поради ниските заработки што ги нудат стриминг платформите, но и зголемениот ризик што вештачката интелигенција го поставува врз писателите и сценаристите.

Ова е прв пат по 1960, Здруженијата да штрајкуваат заедно.

Штрајкот ги прекина снимањата на многу серии и филмови, а еден од нив е и второто продолжение на филмот „Дини“.

Иако поголемите холивудски студија одбија да преговараат со Здруженијата, помалите независни филмски студија продолжија со својата продукција. Дел од независните продукции решија да ги исполнат некои од барањата на Здруженијата и креативните работници.

75-тото издание на Наградите „Еми“ е одложено за јануари 2004 година.

Претходно месецов, објавени беа финалните номинации за наградите, а последната сезона на серијата „Следоред“ освои дури 27 номинации. По неа, највеќе номинации имаат и сериите „Белиот лотус“ и „Последните од нас“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.