Влатко Стефановски гостуваше во емисијата ,,Културно” која се емитува на Танјуг ТВ, каде говорејќи за музиката и нејзиното создавање денес, рече дека денешната музика е фабрикувана и сосема му било неинтересно да ги слуша новите продукции.

Денес музиката се прави како што се прават колбаси! Се е тоа на лента. Во тие студија е толку неинтересно, таму каде се создава таа нова музика. Сето тоа го прават некои продуценти кои ќе испијат десет кафиња на ден, и кои не излегуваат од студиото. Но, пејачите ќе дојдат малку, ќе се помоткаат таму, нешто ќе отпеат, нешто нема да отпеат и ќе излезат.

Денешната музика е фабрикувана! Како што се фабрикува храна, така се фабрикува и музиката. Мене тоа ми е тотално неинтересно. Сосема ми е неинтересно да ги слушам новите продукции. Технологијата на снимање денес е многу евтина, можете во Ајфон да снимите цел албум- рече Стефановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.