Со голем ќеиф и гордост зборува македонскиот виртуоз Симон Трпчески за неговиот проект „Македонисимо“, кој вели во превод значи „Ептен македонски“. По бесплатните концерти пред македонската публика, проектот кој не наиде на разбирање и поддршка од институциите, ама затоа пак го воодушевува светот, Трпчески со дел од музичката екипа со која настапува, отсвири дел од овие песни во студиото на „Еден на Еден“.
На божиќниот специјал, кој ќе биде прикажан во недела, 18.30 на „Канал 5“, Трпчески зборува и за своите многубројни настапи низ светот. На еден од нив, во Кина, веднаш по изведбата на „На Струга дуќан да имам“, го изненадил Македонец.
Гледам излегува човек од публика, доаѓа и ми носи јајце. Велигденско јајце на сред Кина, си велам бреееј јаки сме, раскажува Трпчески за концертот за православниот Велигден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.