Песната „SloMo“ на пејачката Шанел, која оваа година ја претставува Шпанија на Евровизија, првично била наменета за поп-ѕвездата Џенифер Лопез, открива холандскиот весник BD.

Холандскиот продуцент Арјен Тонен ја напишал песната имајќи предвид дека ќе биде изведена од Џеј Ло, што има смисла со оглед на музичкиот жанр на песната.

Со регетон ритам и латиноамерикански призвук, се истакнува дека вакво нешто може да се слушне на подиумот за танцување во Порторико. Родителите на славната пејачка потекнуваат од овој остров и таа често зборува за својата гордост и поврзаност со околината.

За жал на Џеј Ло, но за среќа на евровизиските фанови, таа никогаш не одговори на предлогот на Арјен и покрај неговото огромно искуство.

BD известува дека Тонен има повеќе од десет години искуство во музичката индустрија и дека, покрај неговата продукциска работа, стекнал слава и како диџеј Swacq.

Загубата на Џеј Ло во овој случај е добивка на Шанел Тереро бидејќи „SloMo“ се искачи на второто место на Spotify Global Viral листата.

Сепак, по фестивалот Benidorm и претставувањето на песната, пејачката беше обвинета за плагијат со копирање на песна на српската пејачка Дара Бубамара.

И покрај притисоците на социјалните мрежи, нејзината победа не беше повлечена, па Шанел ќе настапи во Торино каде се одржува годинашното издание на Евровизија.

Инаку, Шанел Тереро е Кубанка која со своите родители на тригодишна возраст имигрирала во Каталонија, земјата на нејзините предци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.