По обвинувањата на Александар Вуксановиќ – Аца Лукас дека на фестивалот „Беовизија“, на кој се избираше претставник за „Евровизија“ на Србија му биле украдени гласови од телевоутингот, организаторите Радио телевизија на Србија реагираат дека софтверот автоматски ги собирал гласовите, без можност човечки фактори да влијаат врз статистиката на испратените СМС пораки и конечниот збир на гласови.

Гласањето беше регуларно и транспарентно, велат од компанијата „Комтрејд систем интегрејшн“, задолжени за обработка на гласовите од СМС пораките.

Компанијата истакна дека е подготвена да ги достави резултатите од гласањето на проверка по барање на надлежните органи, а овие податоци може да се најдат и кај мобилните оператори преку кои гласале гледачите.

Споделувајќи го ова соопштение, од РТС најавија дека поради споменатите обвинувања ќе поднесат тужба против српскиот пејач.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.