На 19 јуни нè очекува уште едно одлично издание на реномираниот фестивал за народна музика „Прилеп Фест“. Деветотто издание на фестивалот традиционално ќе се одржи во домот на културата, „Марко Цепенков“ во Прилеп, каде учество ќе земат најпознатите музички имиња од фолк сцената, а се очекуваат гости и од соседните земји.
Се разбира, шанса ќе добијат и новите музички надежи, бидејќи овој фестивал е одлична можност за афирмација пред љубителите на фолк музиката и широкиот аудиториум.
Ветуваме одличен фестивал, одлични композиции и најважно пред сѐ, дружење и забава. Ќе настапат познати музички ѕвезди, па за тоа нема да нè чуди ако влезниците како и минатите години се распродадат во рекордно време. Оваа година нè очекуваат новитети, но рано е уште од сега да откриваме, велат организаторите.
Не заборавајте, 19 јуни – „Прилеп Фест 2024“ во домот на културата „Марко Цепенков“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.