Откако тројца поранешни танчерки на американската поп пејачка Лизо поднесоа тужби за сексуално вознемирување, популарната пејачка доби уште шест тужби.

Адвокатите кои ја застапуваат популарната пејачка ја потврдија оваа информација и изјавија дека ги проверуваат нивните тужби. Адвокатот Рон Замбрано рече дека неговата канцеларија ги испрашува танчерите кои работеле со Лизо.

Замбрано во изјавата наведува дека првите три зборувале отворено и ги споделиле своите искуства, што ги поттикнало другите луѓе да зборуваат за нивните искуства. Како што истакнува Замбрано, не се работи само за сексуална злоупотреба, туку и за неплаќање на вработените.

„Шокантната природа на тоа како Лизо и нејзиниот менаџерски тим ги третираат своите изведувачи се чини дека е во спротивност со сето она за што Лизо се залага јавно, додека приватно ги срами своите танчери и ги понижува на начини кои се апсолутно деморализирачки“, рече адвокатот Замбрано.

Кристал Вилијамс, Аријана Дејвис и Ноел Родриг, кои работеле за нејзината компанија „Big Grrrl Big Touring Inc“, изјавиле дека Лизо секојдневно ги притискала и инсистирала да танцуваат со голи изведувачи во клубот. Дури и истакнале дека се исмејувала со една од танчерките поради вишокот килограми.

Тужителите бараат општа и посебна отштета, како и казнени и адвокатски трошоци. После тоа се огласи Лизо и изјави дека поради обвинувањата се доведени во прашање нејзината работна етика и морал и посочи дека се работи за лажни обвинувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.