Стефан и Мартин најавија одличен концерт на кој ќе ги пеат нивните познати преработки на едни од најубавите македонски народни песни, а исто така ветија дека ќе ја изненадат публиката и со нови преработки, кои ги избрале само за овој концерт.

Влезници можат да се купат онлајн – ТУКА, а ќе може да се купат и на денот на самиот концерт на билетерата на спортскиот центар.

Специјален гостин на нивниот концерт е поп-пејачот Влатко Лозаноски – Лозано, со кого заедно ќе го испеат нивниот голем хит „Ја излези Ѓурѓо“.

„Некст Тајм“ ќе настапат со нивниот бенд на чело со маестро Николче Мицевски.

Тие на социјалните мрежи објавија и видео во кое уште еднаш ја поканија нивната публика да дојде и да ужива на нивниот концерт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Next Time (@nexttimeband)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.