По „Кеј“ и „Нерези“, групата Баклава ви го презентира новото музичко видео за песната „Чаир (ул. “Крсте Асенов”)“

Инспирана од детството на авторот Елена Христова, текстот буквално го опишува среќниот живот на чаирчаните во своето маало, што не се разликува многу и од другите краеви на Скопје во некое блиско минато.

Овој сингл е третиот со видео запис од новиот албум на Баклава „За Скопје со љубов“, кој го има по сите музички платформи, ЦД и на винил.

Текстот за песната е на Елена Христова. Спотот е во продукција на Opium Film, снимено и монтирано од Кирил Каракаш, Светислав Подлешанов и Бојан Секулоски. Снимено, микс и мастеринг во студиото „1060“. Во продукција на Дени Крстев и Елена Христова. Песната е дел од албумот „Од Скопје со љубов“, во издание на CPL Music.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.