Нашата пијанистка Мимоза Ќека ќе биде дел од групата музичари од 50 европски земји кои ќе учествуваат во снимањето на оригиналната композиција на Амелија Реј, „Раце во срца“.

Песната е во рамка на иницијативата „Европа за Украина“, како гест на солидарност со оваа земја и ќе биде објавена на Денот на Уставот на Украина – 28 јуни.

Исто како што САД за Африка поттикна надеж за подобра иднина кога композицијата „We Are The World“ беше објавена во 1985 година, преку „Раце во срца’ („Hands in Hearts“), „Европа за Украина“ го инспирира ветувањето за посилна заедница, поддржувајќи ја љубовта кон соседот, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.