Македонската пијанистка Ана Велиновска ја воодушеви швајцарската публика на вчерашниот настап во ККЛ, една од најпрестижните концертни сали во светот.

Пијанистката Ана Велиновска вчеравечер настапи како солист и го отвори концертот на светски познатиот пијанист Фазил Сај во салата ККЛ во Луцерн, Швајцарија.

Настапот на Ана Велиновска беше испратен со долг аплауз од швајцарската публика во престижната концертна сала. Велиновска повторно ќе го отвори и вечерашниот (втор) концерт на Фазил Сај во Луцерн, Швајцарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.