На социјалната мрежа Твитер кружи видео кое наводно било направено за време на џез-настапот на Лејди Гага во Вегас, во кое пејачката ѝ се обраќа на официјална Москва, прашувајќи зошто не била уапсена кога имале прилика, алудирајќи на концертот што го одржала во 2012 година во руската престолнина.

Додека седнува на клавирот и ја започнува приказната за Русија и Владимир Путин, Лејди Гага ѝ вели на публиката: „Русите беа и останаа глупави“. Потоа продолжува: „Требаше да ме уапсат кога имаа шанса“, по што се слушнале врисоци и аплаузи.

Под видеото од Вегас, на Твитер се појави и исечок од концертот во Москва, на кој алудирала Лејди Гага, а кој се одржал во 2012 година, како дел од нејзината турнеја „Born This Way“. Тогаш бил во план контроверзен руски закон со кој се забранува „промоција на хомосексуалноста“, поради што пејачката била предупредена дека, како личност која ја поддржува ЛГБТ заедницата, може да биде уапсена.

Всушност, албумот на Гага, по кој турнејата го добила името „Born This Way“, е посветен на ЛГБТ заедницата, а насловната песна го содржи текстот: „Не е важно дали си геј, лезбејка, транс, бидејќи така си роден“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.