Германската турнеја на поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, се соочува со зголемени повици да се откаже, наведувајќи го неговиот се поотворен антисемитизам, повиците до музичарите да не настапуваат во Израел и поддршката за рускиот претседател Владимир Путин.
Роџерс ги навредувал и музичарите кои настапуваат во Израел, а на мета на поранешниот басист на Пинк Флојд биле Ник Кејв и Том Јорк од групата Radiohead.
Вотерс не се плаши искрено да го каже своето мислење, дури и за сериозни теми, пишува веб-страницата Rock Celebrity. Иако тврди дека никогаш во животот немал антисемитски мисли, сега се соочува со обвинувања за антисемитизам, што ги доведе во прашање концертите во Германија. Тој се подготвува за турнејата наречена „This is not a drill tour“, во чии рамки на 28 мај треба да настапи во неколку германски градови, меѓу кои и Франкфурт. Сепак, политичарите од Франкфурт, вклучително и градоначалникот Наргес Ескандари-Гринберг, бараат да се откаже неговиот концерт. Од почетокот на војната во Украина, Вотерс го поддржува Кремљ и ги критикуваше западните влади за испраќање оружје во Украина, а го обвини и американскиот претседател Џо Бајден дека го провоцира почетокот на војната.
Не се само концертите во Германија во прашање. Одредени извори во Полска објавија дека двата концерта на Вотерс закажани за април во Полска исто така биле откажани поради неговите ставови за војната во Украина. Тој неодамна испрати отворено писмо до првата дама на Украина, Олена Зеленски, во кое ја критикуваше владата во Киев дека ги охрабрува екстремните националисти. Тоа предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.