Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, вечерва ќе настапи виртуозното Влатко Стефановски Трио, со што гостиварци имаат ретка можност да бидат дел од богато и оригинално музичко уживање. Гостиварската културна установа го организира концертот во знак на одбележување на државниот празник „8 Септември“ и влезот за публиката е слободен.

Македонската гитарска легенда Стефановски, во триото го придружуваат неговот син Јан Стефановски на тапани и мегаталентираниот Иван Кукиќ на бас гитара. Музичката концертна приказна ќе биде исполнета со препознатливи етно, рок, поп и џез звуци.

Концертот е закажан со почеток во 20 часот и се реализира со поддршка на Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.