Најнаградуваната светска гитаристка Ана Поповиќ и нејзиниот бенд, во склоп на големата светска турнеја Power Tour, на 29. октомври ќе одржи концерт во Македонска Филхармонија. Настанот ќе биде од регионален карактер, поради фактот што концертот во Македонија ќе биде единствен во регионот за целата турнеја.

На оваа турнеја Ана Поповиќ го промовира нејзиниот најнов албум Power кој веднаш по излегувањето го достигна првото место на US Billboard Chart за најпродавани албуми на национално ниво.

Многубројните награди и признанија од највисоките рангови на музичката индустрија, вклучувајќи 8 Блуз Музички Награди, се доказ за нејзината 25 годишна кариера и посветеност на музиката.

Ана Поповиќ со текот на годините се покажа како динамичен и посветен изведувач и текстописец, кој заедно со својот бенд ја има споделувано сцената со врвни артисти како B. B. King, Gary Clark Jr., Jeff Beck, Joe Bonamassa, и многу други.

Настанот е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.