На големата сцена во Центарот за култура во Битола, ќе започне концертната промоција на албумот •New Era• на Никола Мицевски.

Започнувам од Битола, зошто таму започна сѐ во мојата музичка кариера.

Скопје, најавувам концерт на почетокот од Новата 2023 година, за кој наскоро ќе споделам детали. Она што можам сега да го кажам е локацијата, ќе се случи на сцената на МОБ.

Пред утрешниот концерт во Битола чувствувам позитивна трема, што е добар знак дека имам респект кон таа селективна и рафинирана битолска публика.

На сцената ќе ме придружуваат 15 врвни музичари, мои драги соработници. Ветувам концерт за паметење со таа моја мешавина на балканските традиционални народни ритми и мелодиите со Западот, преточени преку модерните музички стилови на џез, фанк и музика од светот како посебен жанр.

Позади мене е тимот на АВАЛОН продукција без кој оваа промоција ќе беше само убав сон.

Логистиката е на Центарот за култура на кој сум бескрајно благодарен.

Битола, се гледаме утревечер!”- стои во пораката која ја напиша Никола Мицевски на социјалните мрежи пред утрешниот концерт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.