По точно 40 години, Влатко Стефановски се враќа во МКЦ со концерт, во рамки на одбележувањето на јубилејот 50 години Младински културен центар, во организација на Баги Комуникации и МКЦ. Влатко Стефановски ќе одржи концерт заедно со своето трио и неколку гости.

Концертите се закажани на 9 април, со почеток во 20 часот во сала 25 мај. Интересно е што последен пат Влатко настапил во МКЦ во 1982, заедно со групата „Леб и сол“ а во последниве 40 години немал ниту еден свој концерт во оваа установа.

Влатко Стефановски Трио го сочинуваат и Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас-гитара, трио кое последниве години е доста активно и настапува речиси низ целиот свет. Спојот на искуството и младоста во ова трио се чини дека беше пресудно за одлична синергија и за огромен успех на сите настапи.

Влезниците за концертот се пуштени во продажба на билетарницата на МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.

Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протокли, соопштија организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.