Вечерва, со почеток од 21 часот во МКЦ, во организација на Стотројка ќе се одржи концерт на „Portron Portron Lopez“ со локална поддршка Јоана Ристеска и Тодор Караколев.

 

Portron Portron Lopez се трио од Франција. Нивната музика е жива материја, адреналински фикс од психоделичен рокенрол, афро карипска ритмика, ориентална трансичност и заразна енергија. Имаат заразна енергија, на секој концерт му влегуваат до даска, како да нема утре. “Ice Scream Soufi” е насловот на нивниот четврти албум, кој излегува во мај и ќе биде достапен на винил и цеде. Концерт во вистинско време: слободен, вртоглав, наелектризиран, радосен. Го нарекуваат рокенрол за трамполина. Измислен за скокање.

Локална поддршка: Јоана Ристеска и Тодор Караколев со заеднички настап.

Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.