Концертот под наслов Jazz Nova на Националниот џез оркестар ќе се одржи на 6-ти март 2024 година, со почеток од 20 часот во Штип, во просториите на Н.У. Центар за култура “Ацо Шопов“.

На програмата се композиции за биг бенд од наши македонски автори од различни генерации, така што ви ветуваме уште еден незаборавен настан.

 

Овој концерт е прв од низата концерти кои ќе бидат изведени во текот на годината од страна на нашиот оркестар во градовите низ Македонија. Целта на овие концерти е да допреме поблиску и до публиката која не е сконцентрирана во главниот град, а секако е желна да слушне и ужива во квалитетна музика и изведба.

Билетите по цена од 300 денари може да ги набавите на билетарата на Центарот за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.