По успешните концерти во Целје, Задар, Марибор, Сплит, по двете преполни арени во Загреб, миленикот на балканската публика Петар Грашо со нетрпение го очекува големиот солистички концерт во нашата метропола.

Скопјани, па и цела Македонија со нетрпение го очекуваат 18-ти мај и заедно да ги пеат големите хитови на хрватската музичка ѕвезда како што се: „Уторак“, „Ко нам брани“, „Волим и Постојим“, „Ако те питају“, „Моје злато“, „Јел ти река ко“ и многу други…

Бев пред неколку недели во Скопје, си поминав преубаво. Всшуснот јас секогаш си поминувам преубаво во вашата земја. Не за бадијала покојниот Оливер Драгоевиќ доагаше неколку дена порано пред неговите концерти во Македонија, сега го разбирам зошто. Едвај чекам да дојде 18-ти мај и заедно да пеам со македонската публика, вели Грашо.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, потоа Розе Веро 2 и Југотон.

Да уживаме на 18. мај во „Арената Борис Трајковски“ и да му докажеме на Петар Грашо дека во Македонија е највеселата публика во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.