Ед Ширан извојува победа во битката за авторски права за неговиот хит од 2017 година, Shape of You.

Судија од лондонскиот Висок суд денес наутро одлучи дека кантавторот не плагирал песна на Сами Чокри од 2015 година.

Чокри, музичар кој настапува под името Семи Свич, тврдеше дека делот каде се повторува Oh I…Oh I во песната на Ширан е „неверојатно сличен“ со рефренот Оh Why во неговата песна.

По пресудата, Ширан рече дека таквите неосновани тврдења се премногу чести.

Во видео споделено на социјалните мрежи, тој вели:

Сега постои култура во која тужбата се поднесува со идеја дека спогодбата ќе биде поевтина отколку истата да стигне до суд, дури и ако нема основа за барањето“.

Тоа е навистина штетно за текстописната индустрија. Има толку многу ноти и многу малку акорди што се користат во поп-музиката, додава Ширан на видеото.

„Сигурно ќе се случи коинциденција ако 60.000 песни се објавуваат секој ден на ‘Спотифај’. Тоа се 22 милиони песни годишно, а достапни се само 12 ноти.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.