Панчо и Андреј од ДНК се жртви на измамник. Познатите музичари останале без платен хонорар за нивниот настап кој се случи минатиот месец во Вевчани, поточно за Вевчанскиот карневал. Панчо реши јавно да прозбори за ова и со име и презиме да го посочи измамникот, за кој како што вели во неговата објава на социјалните мрежи, дека не се само тие единствените измамени од истиот човек.

Драги наши. На 12ти јануари имавме чест да бидеме дел од традиционалниот вевчански карневал на кои настапивме со целиот наш бенд и кој воедно многу го почитуваме како македонски традиционален настан. Атмосферата беше феноменална, публиката одлична но за да не биде се така розево се погрижи ликот Александар ЦЕЗАР Коневски кој важи за еден од најголемите патолошки лажговци и ПРЕВАРАНТИ кои се занимаваат со ангажирање на бендови и артисти односно човек кој секојдневно бара нови жртви за да им се случи ова што се случи со 11-12 бенда во Вевчани. Се до денеш ден ниту еден бенд кој настапуваше на овогодинешниот фестивал нема земено ниту еден денар од договорениот хонорар за кој најчесно си ја извршија работата. Ние како бенд на самиот ден бевме приморани да го откажеме настапот бидејќи не беше исполнет договорот од горенаведениот лик но за среќа добивме ветување и ЗБОР од Ѓорѓи Влајкиноски кој е претседател на ОК и близок човек на Градоначалникот Спасе Кочовски (на кои сме им благодарни за одличниот пречек и тоа што веднаш се заложија да ја исправат несаканата ситуација со горенаведениот лик) па затоа и се сложивме да го оддржиме. За да биде уште пострашно истиов човек должи пари на многу други луѓе па од таму само сакам да ги предупредам нашите колеги да бидат многу претпазливи кога станува збор за Цезар преварантот од Скопје, не оној славниот римски император. Исто така упатувам апел и до сите градоначалници, приватни компании ширум Македонија да го имаат во предвид истотво, да не си ставаат здрава нога во трн и да си го валкаат образот.
Во животот се е лекција но подобро е кога ќе ја научиш на туѓ грб па затоа и се решив да го споделам јавно се со цел да спасам нови жртви.
Со Почит, Панчо, стои во објавата на Панчо.

Во коментар под истата се огласи и фолк-пејачот Наум Петрески, кој исто така посведочи дека и тој е измамен од истиот човек.

Истото го пишав и јас пред некое време и ве предупредив, но тоа е се школо, а него ќе го најдат во некој којтенер со гаранција. Тежок патолошки лажго, напиша познатата музичка ѕвезда.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.