Авионот во кој пејачката Мајли Сајрус летала за Парагвај, го погодил гром, поради што морал присилно да слета.

Пејачката летала за Парагвај заедно со своето семејство, тимот со кој работи и бендот за да настапи на последниот концерт од својата јужноамериканска турнеја, кога авионот во кој биле го зафатило навреме и морал присилно да слета.

Во видеото кое го сподели на Инстаграм, Сајрус го откри шокантниот момент кога авионот го погодил гром. На видеото се слушаат и патниците кои врескаат од шок, додека кабината се тресела од ударот.

Нашиот авион го зафати големо и неочекувано невреме и го погоди гром. Мојот тим, бендот, пријателите и семејството, кои патуваа со мене се безбедни по принудното слетување“ – напиша пејачката во описот на објавата на Инстаграм, а подоцна сподели фотографија од оштетување на авионот, на која јасно се гледаат деловите од уништениот метал и изгорени траги.

„За жал, не успеавме да слетаме во Парагвај“ – кажа пејачката која требаше следниот ден на стапи на фестивалот Asunciónico, кој се одржува за првпат по три години.

&nbsp

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

;



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.