Вечерва во 21 часот на второто полуфинале на 66-тиот Евросонг кој се одржува во Торино, нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ на Александар Масевски ќе настапи под реден број 11, од вкупно 18 земји учесници.
На евровизиската сцена во Пала Олимпико под покровителство на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзината италијанска членка Раи, според точниот редослед, ќе настапат 18 учесници од Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Македонија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка. На евровизиската сцена од големата петорка ќе настапат и Англија, Германија и Шпанија.
Од самиот старт Македонија е на дното според коефициентите во обложувалниците кога се во прашање шансите за победа или влез во финале. Долго време бевме последни на 40-та позиција, а денеска неколку часа пред почетокот на настапот сме на 33-та позиција (и натаму последни), откако седум земји веќе испаднаа во првата полуфинална вечер.
Претставничката на Србија Констракта, од друга страна, која единствена вечерва ќе пее на свој мајчин јазик, постојано ги зголемува шансите за победа. Беше околу 30-та позиција, па околу 20-та за да денес на денот на настапот е на 10то место.
И натаму најголеми шанси за победа има Украина, па следуваат Велика Британија и Италија.
Од 17 земји кои настапија во вторникот, во финалето се пласираа изведувачите од Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Претставниците на Словенија, Хрватска, Албанија и на Бугарија, не се пласираа во финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.