Светските медиуми навестуваат дека 64. доделување на наградите „Греми“ најверојатно ќе биде одложено поради Омикрон варијантата на коронавирусот.

Церемонијата во моментов е закажана за 31 јануари во Лос Анџелес во легендарната арена „Крипто. ком“, претходно позната како „Стејплес центар“.

За „Билборд“ извор потврди дека одложувањето се чини неизбежно, и дека церемонијата ќе биде презакажена откако повеќе од 21,200 нови случаи на Ковид беа пријавени во округот Лос Анџелес на 1 јануари, според податоци на локалниот центар за јавно здравје.

извор: Макфакс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.