Изминатиот викенд, на 6 и 7 април, во Скопје се одржа натпреварување во танц каде што учесниците танцуваа латино и стандардните танци, хип-хоп, класичен балет, модерен балет, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц.

Поставивме високи стандарди! 600 кореографии, 1500 танчери за два дена на Diamond Dance Competition во Скопје! Искуството нѐ мотивираше, желбата да ја претставиме Македонија во најдобро светло нѐ охрабри да го организираме Diamond на највиско ниво! Успеавме во тоа. Среќни сме што Македонија успеа да влезе во високи, светски, уметнички, танцови кругови.
Презадоволни учесници, тренери, судии, гледачи. Посебно емотивни моменти двата дена на Diamond беа настапите на инклузивните групи од танцовите студија на Dancers United и Eureka кои како и секаде така и во срцето на Скопје беа наградени со големи аплаузи, поддршка, подароци и уште еднаш покажаа и докажаа дека танцот нѐ прави да бидеме посилни, посплотени и посреќни, вели организаторот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.