На Европското првенство во танци 2022, кое ќе се оддржи од 2ри до 5ти јули, во Ист Гејт и СЦ Јане Сандански, ќе учествуваат преку 3000 танчери од цела Европа.

За таа цел,  оваа сабота (18.06.2022), со почеток од 18 часот, на платото во Ист Гејт, како последна најава за првенството, ќе се натпреваруваат преку 100  танчери од различни возрасти.

Програмата е замислена како дружење и размена на искуства на ритам машини, но и мал шоу натпревар помеѓу врвните танчери од цело Скопје.

За учесниците со најдобри перформанси следуваат многу изнадувања, а за сите обожаватели на хип-хопот следува незаборавно музичко уживање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.