На големото платно во кино салата на Кинотека во чест на добитникот на Златен објектив, режисерот Столе Попов, може да се види СРЕЌНА НОВА 1949.

20 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
СРЕЌНА НОВА`49
(Happy New `49)
Игран филм, Македонија
1986 г., 125 мин., колор, 35 мм
Режија: Столе Попов (Stole Popov)
Сценарио: Гордан Михиќ (Gordan Mihić)
Улоги: Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Петар Арсовски, Мите Грозданов, Душко Костовски (Svetozar Cvetković, Meto Jovanovski, Vladica Milosavljević, Petar Arsovski, Aleksandar Gjorchev, Mite Grozdanov, Dushko Kostovski)

Дејството на филмот започнува во јуни 1948 година. Група југословенски студенти, на школување во СССР, по несогласувањата меѓу двете земји се враќаат дома. Меѓу нив се и Драгослав, неговата девојка Вера и блискиот пријател Градимир, кого раздвојувањето со СССР го доведува до низа внатрешни конфликтни ситуации, кои конечно кулминираат со чинот на неговото самоубиство на железничката станица во Суботица. Истрагата во врска со самоубиството започнува веднаш. Семејството на Драгослав го очекува неговото враќање, дотолку повеќе што мајка му, тешко болна, е пред умирање. Таткото Стојан, по професија каменорезец, се грижи за егзистенцијата на семејството. Тука се уште и неговата сестра Нела во годините кога престанува да биде дете, и браќата, помалиот Коле и Коста, гимназијалец, кој пред матурата заминува од училиштето. Тој се занимава со црноберзијански работи. За него нема повеќе авторитети, како што нема ни непознаници во живеењето „на работ“. Драгослав дома ја доведува и Вера со која сака да се ожени. Првата средба на Драгослав и Коста завршува со тепачка поради желбата на постариот брат Коста да живее и да се однесува во согласност со нормите на граѓанскиот живот. Непосредно потоа Драгослав е одведен од ОЗНА. Тој е обвинет дека е советски агент и е задржан во истражниот затвор.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.