Македонскиот независен филм „Te Dua, Жими Мене“ на затварањето на Tirana European Youth Film Festival 2023 се закити со престижната награда од публика. Филмот беше едногласно одбран како најдобар од 9 филмови во официјалната интернационална програма.
Tirana European Youth Film Festival е интернационален филмски фестивал кој се залага за афирмација и презентација на Европските филмови. Оваа година покрај „Te Dua, Жими Мене“ во официјална селекција се најдоа и филмови од Шпанија, Полска, Италија, Косово, Франција, Финска и Албанија.
„Te Dua, Жими Мене“ е комедија во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов и својата долгоочекувана, домашна премиера ќе ја доживее на 22.09 во Синеплекс Скопје по што ќе се емитува на редовен репертоар.
Приказната следи квази фраер, коцкар и хармоникаш кои трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови. Во филмот се појавуваат низа истакнати актерски имиња како Игор Џамбазов, Тони Михајловски, Владо Јовановски, Сенко Велинов, Мими Таневска, а главните ликови ги играат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ и Ангела Стојановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.